Митевски: Да дадеме се од себе и да ја искористиме шансата која ни е дадена

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот во Орадеа ја очекува третиот квалификациски натпревар за Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година.

За Македонија да се надева на шанса за пласман во следната фаза потребно е избраниците на селекторот Илиевски да забележат што поубедлива победа на денешното гостување кај Романија, што ќе биде сериозен предизвик по првите два порази во квалификациите.

Еден од помладите во составот, Максим Митевски верува дека поразот од Шолнок е зад „црвено-жолтите“ и дека следи нов натпревар во кој ќе репрезентативците ќе дадат се од себе, ќе дадат максимум и ќе искористат шансата која им е дадена да бидат дел од најдоброто од Македонија.

„Секако дека тој минус всушност и не е некоја реална слика на вистинските случувања на теренот. Но тоа го оставивме зад нас, следуваат нови предизвици за нашиот млад тим. Играме во Орадеа, против Романија, селекција која сега ја познаваме многу подобро од почетокот на преткваалификациите. Имавме прилика да погледнеме и некои видео-материјали од нивната средба со Унгарија. Оние две победи кои ги направија досега, ги ставаат во улога на фаворит. Но, наше е да излеземе на теренот, да дадеме се од себе. Да се обидеме да бидеме над оние наши реални можности, и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни биде дадена. Убеден сум дека ќе одиграме подобро отколку на онаа средба во Солнок, мислам дека ќе биде така во Орадеа“, вели младиот бек.

Се вчитува...