Митевски верува во репрезентацијата: На добар пат сме, да го покажеме тоа и во претквалификациите

Привршуваат подготовките на македонската кошаркарска репрезентација, која утре се сели во Куманово каде на 2 август против Романија ќе го одигра првиот меч од преквалификациите за СП 2027.

Подмладувањето во националниот тим е огромно, но оние играчи кои се најдоа на подготовки под водство на селекторот Марјан Илиевски работеа напорно во овој период, а победите на контролните натпревари со Швајцарија само ја кренаа самодовербата во нашиот состав.

„Ако се знае дека повеќето од нас сме млади играчи, слободно може да се каже дека атмосферата е одлична. Имаме голема енергија и големи очекувања, пред се да покажеме на македонската јавност дека во нас младите има надеж и потенцијал. Ни останува да го дадеме максимумот, имавме добар подготвителен период, на пријателските средби со Швајцарија покажавме дека сме на добар пат. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред на здравствен аспект до крајот на овие подготовки, немам дилема дека максимално подготвени и мотивирани ќе истрчаме в сабота на теренот во Куманово“, изјави Максим Митевски.

Се вчитува...