Митко Јанчев: Влатко Костов останува тренер на Тиквеш

Тренерот на Тиквеш, Влатко Костов по вчерашниот пораз на неговиот тим на гостувањето кај Шкупи од 1-0 изјави дека ќе ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на тимот од Кавадарци.

По овој повод се огласи и градоначалникот на Кавадарци и првиот човек на ГФК Тиквеш, Митко Јанчев кој вели дека Костов останува тренер на клубот и дека ќе го води тимот до крајот на тековната сезона.

„Како Градоначалник отсекогаш сум го поддржувал спортот во Кавадарци. Особено ми претставува чест кога ги следам натпреварите на нашиот ГФК Тиквеш. Се гордеам со резултатите што ги постигна во последната година и секогаш сум со нив и кога победувал и кога губел. И затоа по најавената оставка на тренерот Влатко Костов, единствено што можам да кажам е дека ниту јас, а верувам дека ниту Управниот одбор, навивачите и љубителите, не можеме да ја прифатиме, затоа што сметаме дека тој не сноси никаква одговорност за фудбалските настани кои следеа претходно, за што се изјасни и судиската комисија на ФФМ и призна дека нашиот клуб многупати досега бил оштетен. Затоа, му даваме целосна поддршка на тренерот Влатко Костов, човек кој важи за најдобар и најискусен во Македонија, да остане на чело на Тиквеш и да продолжи со неговата работа и да го подготвува тимот за следниот натпревар во Струга“, напиша Јанчев на „фејсбук“. 

 

 

Се вчитува...