Огромна беше радоста меѓу македонските кошаркарки по синоќешниот голем триумф на гостувањето против БиХ, прва победа на нашиот национален тим на еден официјален меч по повеќе од пет години пауза.
Меѓу најзаслужните дефинитивно беше капитенот Анџелика Митрашиновиќ, која погоди два клучни шута во последните две минути, пред Николиќ да ги постигне поените за победа.
„Навистина во овој момент немам зборови за да ја изразам својата радост. Пресреќна сум, пред се затоа што го оставивме срцето на теренот, и им докажавме на сите дека оваа репрезентација има квалитети, и дека може да се носи и со репрезентации кои играат на светско ниво. Сакам да им честитам на сите девојки, за борбата и за фокусот кој го имаа во сите 40 минути од овој натпревар. Стручниот штаб веруваше во нас од самиот почеток, и на крајот сето тоа се исплатеше со голема победа. Најдраго ми е што оваа победа ја остваривме без странец во екипата. И докажавме дека и ние Македонките имаме квалитет. Само сакам да додадам, дека тука не застануваме, одиме понатаму… Допрва доаѓаат помладите кои исто така покажаа дека заслуѓено се во репрезентацијата“- истакна Митрашиновиќ по завршувањето на средбата во Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА