Кошаркарките на Баскет Кам се запишаа во историјата на македонската кошарка откако се „прошетаа“ до титулата во Купот на Македонија со убедливи победи во полуфиналето и финалето од натпреварувањето.
Една од предводничките на составот од Македонска Каменица на овој турнир беше Анџелика Митрашиновиќ која финалето го заврши со 22 поени, 12 скока и 8 асистенции. Искусната репрезентативка по средбата не го криеше задоволството од прикажаното на паркетот и најави голема борба за двојна круна.
„Презадоволна сум од исходот во завршницата од Купот, ја очекувавме оваа победа. Сакам да се заблагодарам на КФСМ што воопшто го организираше овој турнир, со оглед на пандемијата со корона вирусот, но и да им честитам на моите соиграчи за добрата игра. Се надевам на уште повозбудливо финале во плеј-офот и на уште еден триумф. Оваа сезона многу се засили македонската кошарка, пред се со странски играчи и тоа е добро за сите. Мене ми заврши со сезоната со Будуќност, па дојдов тука да му помогнам на Баскет Кам во остварувањето на своите амбиции. Се надевам на двојна титула“, изјави Митрашиновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА