Работнички е блиску до пласман во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, откако триумфираше со 0-1 на гостувањето против Тре Пене во Сан Марино. Стрелец на голот беше дефанзивецот Деан Митрев во 90.минута од мечот.
В четврток „романтичарите“ ќе бидат домаќини во Скопје, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, а Митрев верува дека Работнички ќе слави уште поубедливо.
„Одигравме квалитетен натпревар, а Тре Пене покажа дека сепак не е така наивен тим, како што се мисли за екипите кои се претставници на Сан Марино. Ние секако бевме подобар ривал, но не успеавме брзо да го отвориме резултатот. На крајот, дојде погодокот што го постигнав по корнерот, мислам дека сосема заслужено стигнавме до триумф, и верувам дека на реваншот во Скопје ќе го потврдиме нашиот пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа. Ако брзо го отвориме резултатот, се надевам дека ќе славиме и многу победливо во Скопје“, вели Деан Митрев за официјалниот сајт на клубот.
На реваншот, тренерот Виктор Треневски ќе има на располагање уште двајца фудбалери од одбраната, Ванче Шиков и Леон Најдовски, кои поради суспензија не настапија на првиот меч против Тре Пене.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА