Никола Митревски пристигна летово од Порто во Е. Пелистер, па македонскиот репрезентатвец повторно е дел од ракометната Лига на Шампионите.
„Пелистерци“ утревечер на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Фуксе Берлин, а искусниот голман е реален – гостите од Германија ќе ја имаат фаворитската улога, но македонскиот првак со поддршка од трибините ќе се обиде да им ги замрси сметките.
„Подготовките за натпреварот засега се одвиваат во најдобар ред. На домашен терен го пречекуваме вицешампионот на Германија, тоа е еден од најсилните тимови за Европа, што е нова шанса за докажување за Пелистер. Ова ќе биде наш прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од „Чкембарите“. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар“, изјави Никола Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА