ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација ремизираше 29-29 на вториот меч од ЕП 2026 против селекцијата на Португалија. Покажавме и квалитет и карактер, се вративме од „минус пет“ во второто полувреме, а немавме среќа во самата завршница, во последната минута да ги наградиме одличните одбрани на Томовски со победнички гол.
По мечот и најискусниот во репрезентацијата Никола Митревски даде свое мислење…
„Беше доста тешко со тоа што го изгубивме Марковски и двете леви крила. Моравме да импровизираме и во одбрана и во напад. Успеавме да се вратиме. Бевме трпеливи, верувавме и малку среќа да имавме ќе имавме и напад за победа. Ќе биде доста тешко и против Романија. Ние мора да победиме и тоа да ни е најважно. Не смееме да размислуваме за понатаму што ќе се случи. Наше е да победиме против Романија, па нека биде што биде. Тргнавме со помисла дека ќе победиме и верувавме цел меч во тоа“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

