Митревски блескаше, но тоа не беше доволно за Куп трофеј на Порто

Спортинг е нов шампион во Купот на Португлаија, откако во големото финале триумфираше токму во директниот дуел со Порто со 35-33.

Порто мораше да слави среде Лисабон ако сакаше да стигне до трофејот, меѓутоа не само што тоа не се случи, туку е поразен. Митревски беше одличен на голот, запиша 15 одбрани, сепак, одбраната на Порто немаше решение за Кошта и за Салвадор кои заедно постигнаа 16 гола.

Како што е познато, Митревски кој со Порто за четири сезони освои три шампионски титули, по еден трофеј во Купот и Супер Купот на Португалијаод идната сезона се враќа во Битола, и ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...