Митревски: Добивме еден од помалку посакуваните ривали, но влегуваме како фаворити

Капитенот на македонската репрезентација Никола Митревски, го коментираше ривалот на ждрепката за пласман на Мундијалот во 2025 година.

Ждрепката го одреди Фарски Острови за противник во баражот. Првиот меч се игра на гости, додека вториот на домашен терен.

„Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања”, рече Митревски.

Се вчитува...