Митревски: Добро го знам селекторот на Романија – ќе направи се за да дојде до победа со нас! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација вечерва од 18 часот го игра последниот натпревар од првата фаза на Европското првенство 2026. Во Хернинг, избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со Романија во обидот за победа со која ќе останат надежите и за пласман во главната фаза од шампионатот.

Никола Митревски добро ги познава Романците, посебно нивниот селектор Георге Буричеа, со кого соработуваше….

„Во Романија играв две години заедно со нивниот селектор, кој ми беше соиграч додека настапував таму, и многу добро го познавам каков победник е. Мислам дека ќе направи се за максимално да ја подготви репрезентацијата, и убеден сум дека ќе атакуваат на победа против нас. Имаат подмладена репрезентација, полетна, од која се очекува напредок наредниот период. Но, во овој момент мислам дека ние сме подобри од нив и секако ќе одиме на победа“ – вели Митревски пред вечерашниот дуел.

Се вчитува...