Никола Митревски со 14 интервенции беше меѓу најзаслужните за триумфот на Порто на дуелот со Целје, со што португалскиот тим остана во игра за место во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.
Македонецот бранеше извонредно во првото полувреме со 10 одбрани, а запрениот цепелин на гостите од Словенија беше причина Митревски да се најде на второто место на листата најдобри голмански интервенции во 13. коло од ЛШ. Пред Митревски се најде само Јаник Грин, по двојната интервенција на голманот на ПСЖ на синоќешното гостување против Загреб.
Најубавите пет голмански интервенции во претпоследната рунда од групната фаза во ЛШ можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА