Никола Митревски имаше ново извонредно издание во Лигата на Шампионите, со 13 одбрани помагајќи му на Порто со нов извонреден пресврт да стигне до триумф над дански ГОГ.
Сосема заслужено, Митревски беше избран и за најдобар голман во шестото коло од елитното европско натпреварување, како дел од идеалната седумка во која има место и за Матијас Муше (Магдебург), Сандер Сагосен (Колстад), Елијас Елесен (Кил), Мадс Хоксер (Алборг), Себастијан Карлсон (Монпелје) и Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Видео-компилацијата од најдобрите потези на членовите на „идеалната седумка“, меѓу нив и дел од бравурозните интервенции на македонскиот голман, можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА