Митревски: Европа ќе биде одлично искуство, желба ни е да донесеме трофеј во Битола

Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е најзвучното засилување на Пелистер сезонава, големиот домашен талент ќе има можност во зелено-белиот дрес

Митревски на прес-конференцијата во Битола ги откри првите импресии од новиот клуб, со кој в петок ќе има и европско деби во рамките од квалификациите за ЛШ против Реџо Емилија од Италија.

„Сакам да се заблагодарам на раководството што ми дадоа шанса да бидам дел од овој тим што ќе настапува на сериозно ниво во европската кошарка. Без разлика дали ќе влеземе во ЛШ или ќе играме во ФИБА Европа купот, ова е многу голем чекор како за македонските играчи во Пелистер, така и за сите во клубот. Ова треба да биде поттик и за остаатите македонски екипи да играат на ова ниво, за да видиме реално на кое ниво се наоѓа македонската кошарка. Верувам дека ќе добиеме многу искуство како тим од овие европски предизвици и целта ќе ни биде да стигнеме што подалеку…. Што се однесува до домашното првенство, знаеме дека битолчани сакаат кошарка, она што недостига е пехар, во последните години беше блиску до тој пехар, секако дека желба ни е да освоиме трофеј за клубот и за верните навивачи. Презадоволен сум и од условите за работа и од приемот во градот, од навивачите, од соиграчите, чувствувам многу позитивна енергија и се надевам дека тоа ќе не краси и во текот на целата сезона“, истакна Андреј Митревски на денешната прес-конференција во Битола.

Се вчитува...