Никола Митревски е меѓу најзаслужните што Порто славеше со 32-29 на првиот осминафинален дуел со Алборг, обезбедувајќи си солидна предност пред реваншот за седум дена во Данска.
Португалците одиграа одлично прво полувреме во кое имаа предност од 18-14, за во вториот дел данскиот првак да ја стегне одбраната и да ја истопи набрзина негативата. Во овие моменти блескаше Митревски, кој со неколку одбранети зицери спречи целосен пресврт, по што Порто во самиот финиш успеа да стигне до „плус три“.
Македонскиот голман ја заврши средбата со 13 интервенции, девет од нив во второто полувреме. Најефикасни кај Порто беа Итуриза со осум и Ареја со седум погодоци, додека прв стрелец на Порто беше Бартхолд со осум постигнати гола.
ПСЖ лесно ја оправда фаворитската улога против Целје славејќи на гостувањето во Словенија со убедливи 24-37. Нахи со десет и Соле со седум погодоци беа најефикасни во редовите на „светците“, кои во четвртфиналето најверојатно ќе ги очекува дуел со европскиот првак Кил, кој триумфираше на првиот меч со Пик Сегед, на гостински терен во Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА