Македонскиот репрезентативец Никола Митревски го предводи идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец септември, по одличните настапи што овој чувар на мрежата ги бележеше на голот на Работник. Тој е најзаслужен за одличниот старт на битолските „фармацевти“ на стартот од настапот во регионалното натпреварување, па сосема заслужено е избран за најдобар голман во минатиот месец.
Друштво на Митревски во овој идеален тим му прави тимскиот колега Ловро Јотиќ како најдобар лев бек, а за најдобро лево крило е избран „вардарецот“ Тимур Дибиров. Покрај тројцата ракометари кои се дел од македонските клубови, овој дрим-тим го комплетираат Расмус Лауге (Веспрем), Јовица Николиќ (Војводина), Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест) и Максим Бабичев (Мотор).
За најдобар тренер во СЕХА-лигата за месец септември е избран кормиларот на Веспрем, Давид Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА