Во уште едно „македонски“ дуел во првенството на Романија, Доброгеа Суд Констанца за која настапуваат репрезентативците Никола Митревски и Велко Маркоски, а во стручниот штаб на клубот е и Бранислав Ангеловски, одигра нерешено со Темишвар (20-20) на чиј гол е Златко Даскаловски.
Токму двајцата македонски голмани му дадоа белег на натпреварот во Констанца. Даскаловски имаше вкупно 18 одбрани на голот на Темишвар, а Митревски во вториот дел забелеша 11 одбрани на голот на Констанца.
Гоце Георгиевски постигна седум гола и заедно со Антонио Робледо беше најефикасен во гостинската победа на ЧСМ Букурешт против Сучеава со 29-32.
Горан Кузманоски славеше победа со Одорхеи против Стеауа со 26-20 во натпреварот од 3.коло на домашен терен. Кузманоски беше стрелец на два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА