Македонските репрезентативци Николче Митревски и Стојанче Стоилов, како и средниот бек на Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, се наоѓаат во перфектниот тим на СЕХА – лигата за сезоната 2019/20 во изборот на навивачите. Битолскиот клуб има двајца претставници во најдобриот тим, како и ППД Загреб во имињата на Давид Мандиќ и на Златко Хорват.
Во перфектниот тим има место и за левиот бек на Веспрем, Расмус Лауге Шмит и десниот бек на Мешков Брест, Митиа Ваилупау. Регуларниот тек од шампионатот во СЕХА – лигата е комплетиран, но останува да се комплетира сезоната со реванш- четвртфиналните пресметки и со Ф4 турнир.
8th players got themselves a ?PERFECT #SEHA LINEUP?♂️ #SEHALeague #Gazprom #experiencehandball pic.twitter.com/qTmflqmMMC
— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) April 20, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА