Никола Митревски и Велко Маркоски со Констанца се потенцијален ривал на тимот на Работник во ЕХФ-купот откако романскиот клуб по стапките на македонскиот суперлигаш обезбеди пласман во групната фаза од ова натпреварување.
Констанца за ривал во плејофот ја имаше шведската екипа Малме, поголем дел од задачата заврши со првиот триумф на гостински терен од 22-23, за Митревски и Маркоски денеска да слават и пред своите гледачи со 34-28. Фуриозната игра во првото полувреме донесе водство од 17-12, по што романскиот претставник со рутинска игра ја одржаа предноста до конечните „плус шест“.
Митревски вообичаено беше одличен на голот на Констанца, а Маркоски покрај добрата игра во одбрана успеа и да постигне еден гол на спротивната страна.
Претходно, Борко Ристовски не успеа со Бенфика да се пласира во групната фаза од ова натпреварување откако беше елиминиран од Хановер. Пресуди првиот меч во Германија што Хановер го доби со 41-36, па по ремито во Португалија од 33-33 бундеслигашот си обезбеди место во следната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА