Митревски и Пешевски не играа поради повреди

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Во македонскиот состав за денешниот прв натпревар на Европското првенство против Данците не беа искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски.

Селекторот Кире Лазаров по мечот информираше дека и голманот Митревски и Пешевски не биле во тимот поради ситни повреди со кои не се сакало да се ризикува.

„Митревски и Пешевски имаат ситни проблеми со повреда и заедно со медицинскиот тим и тренерите моравме да ги поштедиме. Се надевам дека за овие два дена ќе ги рехабилитираме и ќе ни бидат на располагање со Португалија. Со нив сигурно ќе бидеме и подобри. Да беа здрави сигурно ќе беа во составот бидејќи тоа се одлични играчи со добра сезона и се надевам дека во недела ќе бидат дел од составот“ – информираше селекторот Лазаров.

Се вчитува...