Митревски и Порто го освоија Лисабон и се доближија чекор поблиску до нова титула во Португалија

Македонскиот ракометен чувар на мрежата, Никола Митревски и неговиот Порто направија голем чекор кон одбрана на титулата во португалската лига. Во дербито на 26. коло тие го совладаа директниот конкурент за титулата Спортинг Лисабон на гостински терен со 28-29.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, посебно во фазата на одбрана каде на противникот му дозволија само десет гола, а на пауза заминаа со предност од плус три (13-10). Актуелниот шампион заигра далеку подобро во вториот дел. Успеа резултатски да се врати целосно и мечот да го внесе во трилер-завршница.

Таму Митревски и неговите соиграчи беа посконцентрирани и на крајот стигнаа до голем триумф од 28-29.

 

Се вчитува...