Митревски и Порто го решија и Спортинг Лисабон

Никола Митревски и Порто остануваат максимални во домашниот шампионат откако во крајно интересен натпревар славеа во големото дерби на Португалија, против Спортинг Лисабон со 31-30.

Поголемиот дел од натпреварот се играше во егал, а Митревски и другарите успеаја да ја направат клучната разлика во финишот на мечот. На полувреме Порто имаше позитива од еден гол (15-14). Неизвеснота продолжи се до финишот, кога Порто стигна до водство од 31-28, а гостите немаа доволно време да се вратат повторно во мечот кој на крајот заврши со победа на домаќините од 31-30.

 

 

 

Се вчитува...