Митревски и Порто имаа сила само за едно полувреме против ПСЖ

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски и неговиот Порто се уште се единствениот тим без победа сезонава во Лигата на шампионите откако во натпревар од 9. коло на домашен терен загубија од Пари Сен Жермен со 33-35.

Домаќините предводени од Митревски одлично го стартуваа мечо и по десет минути игра имаа предност од плус пет (8-3), а нашиот голман во овој период забележа неверојатни шест интервенции. Сепак, до крајот на првиот дел гостите успеаја да се вратат резултатски во мечот и на пауза да заминат со негатива од само еден гол (17-16). Во вториот дел Французите одиграа многу подобро и на крајот стигнаа до рутински триумф од 33-35. Македонскиот голман натпреварот го заврши со девет интервенции, додека најмногу голови во таборот на Португалците постигна Итуриза Алварез, осум. Кај победникот Камил Шипжак заврши со девет.

Во вториот натпревар од понудата во 20.45 часот, германскиот шампион Магдебург на домашен терен славеше над ГОГ со 36-34. Омар Игни Магнусо со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените еден помалку постигна Мадсен.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...