Митревски и Порто не издржаа против Веспрем, Динамо Букурешт обезбеди следна фаза во ЛШ

Mакедонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто го доживеаја и десеттиот пораз во Лигата на шампионите вечерва на гостувањето против Веспрем со 30-32 во натпреварот од 13. коло.

Митревски имаше само една одбрана во мечот по кој Португалците останаа последнопласирани во групата А со само три бода, а Веспрем е на делба на втората позиција со Магдебург со по 18 бодови.

ПСЖ ја задржа лидерската позиција во групата А, славејќи на гостувањето кај Висла со 26-32. За избраниците на Раул Гонзалес ова беше 11-ти триумф сезонава, па групната фаза ќе ја завршат на првото место.

Динамо Букурешт обезбеди место во елиминациската фаза откако на домашен терен го совлада дански ГОГ со 30-27, па сега има 13 бода. Најзаслужен победата беше поранешниот вардарец Анте Кудуз со девет постигнати гола.

 

Се вчитува...