Порто и македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски загубија со 37-33 на гостувањето против Магдебург во Групата Б од ЕХФ Лигата на шампионите.
Во главно израмнет натпревар, Магдебург до триумфот дојде во финишот на дуелот кога имаше поголема концентрација пред се во нападот успешно реализирајќи 19 гола во вториот дел.
Никола Митревски имаше пет одбрани со 2о% одбранети удари кон него од противниците, а најефикасен кај Португалците беше Кристенсен со девет постигнати погодоци.
Во Групата А, полски Кјелце ремизираше (27-27) со унгарски ПИК Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА