Митревски и Порто поразени од Веспрем, ПСЖ ја совлада Висла Плоцк

Македонскиот голман Никола Митревски и неговиот Порто го забележаа и вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите откако загубија на домашен терен од унгарскиот Веспрем со 28-35.

Македонскиот голман одлично го отвори натпреварот и со пет одбрани во првите петнаесет минути го држеше во егал својот тим (9-9). Сепак, како сопреа интервенциите на Митревски, така се зголемуваше предноста на Унгарците кои на пауза заминаа со позитива од четири гола разлика 12-16. До крајот рутински го исконтролираа мечот за конечен триумф од 28-35. Митревски натпреварот го заврши со осум интервенции, додека Турин со шест гола беше најпрецизен кај Порто. Кај победникот Петар Ненадиќ заврши со осум гола.

И во вториот натпревар од 20.45 часот фаворитот стигна до релативно лесен триумф. Пари Сен Жермен во второто полувреме го урна отпорот на Висла Плоцк и на крајот стигна до победа од 37-33. Камил Шипжак со девет гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените со еден помалку заврши Косоротов.

 

 

Се вчитува...