Митревски и Порто против Барселона во финалето на Иберискиот куп

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски и неговиот Порто се пласираа во финалето на Иберискиот куп откако во полуфиналниот меч славеа со убедливи 46-30 против шпанскиот Гранољерс.

Во финалето Митревски и Порто ќе го предизвикаат актуелниот европски шампион Барселона кој во првото полуфинале потешко од очекуваното славеше над Спортинг Лисабон со 37-34.

Ова е прво издание на Иберискиот куп, а во него играат шампионите на националните првенства на Шпанија и Португалија како и освојувачите на куповите во овие две земји.

Се вчитува...