Никола Митревски и неговиот Порто стигнаа до првите бодови во Лигата на Шампиони откако на домашен терен ремизираа со 31-31 против Магдебург во 8. коло.
Македонецот кој мечот го заврши со вкупно три одбрани, во самата завршница два пати интервенираше со што го врати неговиот тим од негатива од два гола до изедначување кое Португалците го задржаа до самиот крај.
Претходно, Нант влезе во нова победничка серија откако славеше со 35-28 против Алборг, додека Динамо Букурешт стигна до четвртата победа во сезоната славејќи со 26-28 на гостувањето кај Висла Плок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА