Капитенот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски продолжува со одличните партии со својот Порто во последната сезона како е дел од португалскиот гигант.
Митревски и неговите соиграчи успеаја да изборат пласман во финалето на Купот на Португалија откако денеска ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналниот меч против Повоа (39-32).
„Змејовите“ беа доминантни во текот на целиот меч и заслужено се во финалето. Митревски беше прв голман и на денешниот меч на Порто, во чии редови најефикасни беа Антонио Ареја и Мамаду Диоку со по 5 гола. Финалето е закажано за утре, а противник на Порто ќе биде Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА