Македонските репрезентативци кои се дел од Е. Пелистер имаа забележителен настап на СП 2025 во Вараждин, но мундијалот е веќе минато, а македонскиот првак се враќа на обврските во Лигата на Шампионите.
Битолчани утре ги очекува тешко гостување против Спортинг Лисабон, тим што е предводен од браќата Коста и се надева на почетнички триумф во 2025. Сепак, и во таборот на Пелистер се убедени дека под водство на новиот тренер ќе имаат уште подобри игри и резултати и во европските натпреварувања, почнувајќи токму од утрешниот меч во Лисабон.
Оваа пресметка воедно ќе биде и камбек за голманот Никола Митревски во португалските ракометни арени, каде што тој со голем успех бранеше и за Бенфика и за Порто.
„Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во Лигата на шампионите имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова веќе“, изјави Митревски во пресрет на утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

