Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски и донесе бод на Констанца на гостувањето кај Динамо Букурешт (29-29) во дербито од 18.коло во првенството на Романија.
Иако домаќините во поглем дел од натпреварот беа во водство, тимот на Констанца за кој настапуваат Никола Митревски и Велко Марковски, во последните десет минути успеа да направи комплетен пресврт и дури имаше шанса и за победа. На десетина минути пред крај, Динамо имаше водство од 25-20, но тогаш македонскиот голман стапи на сцена и со неколку успешни одбрани ја врати Констанца во игра. Гостите израмнија и во финишот поведоа со 28-29, но Динамо во последните секунди успеа да изедначи и да спаси бод.
Митревски го заврши натпреварот со 11 одбрани, а Велко Марковски беше стандарден во одбраната на Констанца во која најефикасни беа Чутура и Цог со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА