Митревски: Ќе дадеме се од себе за „црвено-жолтите“ бои

Македонската ракометна репрезетнација во петок против Норвешка го започнува својот настап на Светското првенство кое ќе се одржи во Полска. Покрај Норвежаните за протиници „црвено-жолтите“ во првата групна фаза ќе ги имаат и Холанѓаните и Аргентинците.

Голманот Никола Митревски пред патувањето во Краков вели дека тимот е тактички и физички подготвен, а вети а сто отстотна посветеност за секој меч.

„Пред се да посакам на сите многу успеси во новата година. Почнавме доста рано, на 21 декември, мислам дека момците одработија одлични подготовки за претстојното СП на кое како што кажа и селекторот тешко и заслужено обезбедивме пласман. Дојде време да се подготвуваме за Норвешка, Холандија и Аргентина, никого нема ниту да прецениме ниту да потцнимe. Имаме самодоверба, знаеме што сакаме, тактички и физички сме добро подготвени, желбата кај сите ракометари што сме тука е на највисоко ниво за да се претставимe во што подобро светло, да го дадеме последниот атом на секој натпревар, да забележиме барем една победа во Краков и да обезбедиме пласман понатаму“, изјави Никола Митревски.

Се вчитува...