Митревски: Ќе играме во одлична атмосфера, да ја крунисаме со победа

По повеќе од една деценија, машката ракометна репрезентација се враќа во ракометна Битола. Во четврток во салата „Боро Чурлевски“, македонските ракометари со селекцијата на Турција ќе го отворат новиот циклус квалификации за ЕП 2020.

За помладите репрезентативци ова ќе биде прво искуство со репрезентацијата да бидат домаќини на битолски терен. Ново исуство во Битола да биде на домашен терен со националниот тим е и за битолчанецот Никола Митревски.

Никогаш досега не сум играл со репрезентацијата пред полна сала во Битола, така што и мене ова ќе ми биде прво такво искуство. Секогаш сум го давал својот максимум каде и да играм, така ќе биде и овој пат. Многу мал дел од репрезентативците во сегашниот состав играле домашен натпревар настрана од „Борис Трајковски“ во репрезентативниот дрес и ова за повеќето од нас ќе биде нова средина“ – вели голманот на македонската репрезентација кој на клупски план, втора сезона е на голот на романска Констанца.

Полна сала, добра атмосфера и максимална поддршка во Битола е загарантирана, но за да биде ракометниот спектакл комплетен, сето тоа треба да се круниса со победа. Во македонската репрезентација свесни се за фаворитската улога што ја имаат во дуелот со Турција и потоа  на гости со Грција но и внимателни во пристапот пред првите два натпревари во квалификациите за ЕП 2020.

На хартија сме фаворити, но треба да го докажеме тоа и на терен. Доколку одиграме како што треба, концентрирано и фокусирано, победата нема да дојде во прашање во ниту еден момент. Но, доколку во мечот влеземе олабавено и со донапред прокнижени бодови, ќе имаме проблем. Сигурен сум дека и противниците сакаат да покажат дека имаа квалитет и да одиграат добар натпревар. Салата во Битола ќе биде полна, влезниците се веќе распродадени и таму не очекува голема поддршка и одлична атмосфера која што ние треба да ја крунисаме со победа против Турција“ – истакнува Митревски.

Македонската репрезентацијавчера и денеска тренираше во Скопје, а од утре се сели во Битола. Дуелот со Турција е во четврток со почеток во 20.15 часот. Ракометарите од Битола потоа продолжуваат во Кожани каде в недела (16 ч.) и гостуваат на Грција.

Се вчитува...