ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Никола Митревски бранеше извонредно и со 13 успешни интервенции беше меѓу најзаслужните за извонредното издание на Македонија и ремито со моќната Унгарија.
Искусниот голман по мечот не го криеше разочарувањето што наместо еден, можевме да освоиме два бода, но пропуштивме златна шанса во завршницата.
„Знаевме како ќе одиграат бевме подготвени. Детали ни фалеа за да победиме. Многу малку ни фалеше. Имавме на неколку пати, по повеќе голови разлика, три, четири. Се вратија во игра. Успаавме да се држиме со нив гол за гол што се вели. Во последниот период имаше резултатска „клацкалка“ што се вели. Не ја искористивме во наша полза. Не искористивме човек повеќе за два разлика. Ни истрчаа контра напад. Имавме триесетина секунди на крајот во кој можеби не изигравме најдобро, можеби требаше повеќе да ја задржиме топката. Да шутираме, да влеземе во прекршок. Не е ниту важно сега“– прокоментира Митревски.
Тој сепак потенцираше дека е горд на изданието на Македонија во текот на сите 60 минути, јавно заблагодарувајќи се на навивачите за поддршката што нашите ракометари ја имаа од трибините во текот на целиот натпревар.
„Лесно е после меч да се кажува како требало да биде. Честитки за моите соиграчи, за стручниот штаб, за публиката. Не носеа во првиот дел, видовме дека се побројни од Унгарците, мислеа дека ќе играат како да се дома, се случи спротивното, ние се чувствувавме како дома. Освоивме бод, голем. Но со голема доза на жал, речиси како да сме изгубиле. Се случува ова и на поискусни играчи. ДА испуштат водство во клучни моменти, на крајот топката е тркалезна, некогаш ти дава некогаш ти зема. Целиот овој период откако се собравме, па се до денес, 25 дена сме заедно, знаеме се што пропуштаме, но ова денес беше награда за се. Исцрпувачки секако дека е. Играш егал, ваков меч. Секој момент е исцрпувачки на ваков турнир. Следува Холандија, ќе се одмориме, ќе се подготвиме одиме на нов успех.“, говореше од срце македонскиот голман по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА