ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Голманот Никола Митревски имаше извонредни 14 интервенции во второто полувреме, премалку за да се избегне убедлив пораз.
„Многу лошо го почнавме натпреварот, имавме бројни загубени топки што противникот ги претвори во лесни голови. Во вториот дел заигравме подобро, но се беше попусто бидејќи разликата беше преголема. Мораме да бидеме многу пофокусирани за следниот натпревар, да бидеме мирни, психолошки подобро да се подготвиме и да влеземе во дуелот со Чешка како на средбите од Загреб“ – изјави Митревски на денешната прес-конференција.
Раул Гонзалес не може да биде задоволен од очајното издание на македонската репрезентација при денешниот убедлив пораз од Шпанија.
„Честитки до Шпанија за добриот натпревар. Ние мечот го загубивме на самиот почеток, противникот беше многу подобар, нема што да се каже поконкретно кога бевме целосно надиграни. За нас е многу важно Кире Лазаров да биде во тимот за следните натпревари, ќе видиме што ќе кажат лекарите, но јасно е колкаво е влијанието на капитенот врз нашата игра“ – истакна Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА