Никола Митревски смета дека резултатот на вчерашниот пораз од 39-27 против Норвешка е нереален и дека нашите репрезентативци со прикажаната игра не заслужиле да загубат со така убедлив резултат.
Мечот беше решен уште во првото полувреме, кога Норвежаните со фуриозна игра во последните десет минути стигнаа до „плус седум“.
„Според мене резултатот не е реален и е превисок, со она што го прикажавме не заслуживме толку убедлив пораз. Долго се држевме егал, имавме и 9-9, но по серијата наши грешки бевме безмилосно казнувани. Eдноставно, премногу е тешко да се спротивставиш на играчи од таков калибар“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА