Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Стара Пазова, Србија ги стартуваше подготовките за пласман на Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Репрезентативниот голман и најискусниот во репрезентацијата Никола Митревски вели дека имаат доволно време да се подготват за Светското првенство.
„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, изјави Митревски.
Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, натпреварите ќе ги игра во Вараждин (Хрватска).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА