Голманот Никола Митревски одигра значајна улога со седум одбрани во првото полувреме, кога одбраната воопшто не функционираше. Задоволен од победата, искусниот чувар на мрежата не крие дека очекува Македонија да прикаже уште подобри игри на следните три средби на овој светски шампионат.
„Ова беше многу тежок натпревар, а ние одговоривме на предизвикот. Честитки до соиграчите за изданието и победата, се надевам дека ќе продолжиме во ист стил, па дури и ќе бидеме подобри во иднина“, изјави Митревски по натпреварот.
Следен предизвик за македонската репрезентација е првиот меч од главната фаза, закажан за среда во 20.30 часот против селекцијата на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА