ЕКИПА во Солун,
Стеван Цаневски
Никола Митревски беше прв голман на македонската репрезентација на синоќешниот дуел со Грција, статус што се очекува да го задржи и на денешниот втор натпревар на кој крај себе ќе го има Марко Кизиќ.
Искусниот голман на Порто истакна дека судискиот критериум им помогнал на Грците да се вратат на првиот натпревар, но дека во нашиот табор мора да се следи сопствената игра, бидејќи беа направени грешки што не смеат да се пвоторуваат во иднина.
„Добро го отворивме првиот меч и во напад и во одбрана. Искористивме некои нивни грешки. Со ротациите малку изгубивме ритам, направивме некои почетнички грешки… што е нормално. Тие искористија, се вратија. Беше два-три гола, на полувреме три предност за нас. Одлично отворивме и во второто полувреме. Поведовме и со пет гола разлика. Тука големо влијание имаа одредени судиски длуки, што не беа досудени некои пробивања, грешки што беа исфорсирани затоа што не беа досудени фаули. Во ред, ние бевме спремни дека може да има таква помош за домашната екипа. Ние треба да гледаме каде ние погрешивме. Четири гола примивме на празен гол, по грешка во додавања. Тие грешки мора да ги поправиме и ако тоа го сториме ќе бидеме на добар пат. Грција не е ‘онаа’ репрезентација од пред пет-шест години. Овде многу проблеми имаше Хрватска, Холандија загуби натпревар, се пласираа на ЕП. Имаат солидна репрезентација и никако не се потценување. Имаат играчи во АЕК, Олимпијакос, Бундеслига… Ова е добра можност за двата тима. Денеска ќе биде слично како и вчера, нема да биде решена до последен момент. Имаат и тие што да поправат, имаме и ние. Ќе биде меч, на „Една топка“, изјави Никола Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА