ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Никола Митревски ја доби улогата на стартен голман на премиерниот натпревар на овој европски шампионат, а голманот на Еурофарм Пелистер бранеше извонредно, со 15 успешни интервенции запирајќи ги налетите на противникот во долги периоди од натпреварот.
„Оваа победа е апсолутно заслужена, среќни сме што стартувавме со два бода. Имавме водство цел натпревар, но поради падот на концентрација во финишот се влезе во неизвесна завршница. Не стануваше збор за некое тактичко изненадување од противникот, голем дел од мечот го одигравме како што се договаравме, но тој мал пад на концентрацијата го промени текот на случувања на теренот. Најважни се бодови, најмалку битно во моментов е дали сме триумфирале со еден или повеќе голови разлика бидејќи се бројат само победите“, изјави Митревски веднаш по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА