Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се игра во нашиот главен град. Четата на Никола Василев по поразот на отварањето на натпреварувањето одигра максимално до крајот на групната фаза забележувајќи победи против Словачка, Бугарија и Ирска.
Во четвртфиналето нашите млади репрезентативци силите ќе си ги одмерат со Велика Британија во натпревар кој ќе се одигра во петок со почеток од 18 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“.
Тоа што е исклучително битно за овие натпревари е одличната атмосфера и големата поддршка за нашите младинци на скопката тврдина, поддршка која е ветер в грб за момците кои ги бранат „црвено-жолтите“ бои вели еден од најдобрите во тимот, Андреј Митревски.
„Очекувавме и знаевме дека нема да имаме лесен натпревар. Секој противник е силен и дојден тука да даде се од себе за победа, но групната фаза заврши како што треба. Први сме во групата и одиме на нашата цел, а тоа е пласман во „А“ дивизија.
Нашата екипа се разликува во нашата енергија и таа доаѓа од публиката. Предност е што играме на домашен терен и затоа сметам дека сме едни од фаворитите да ја завршиме на едно од првите три места“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА