Митревски: Наше е да дадеме се од себе па нека победи подобриот

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 16 часот во Тбилиси против Грузија ги продолжува квалификациите за Светското првенство 2023. Во вториот прозорец на ФИБА „црвено-жолтите“ два пати ќе се сретнат со оваа репрезентација, барајќи ја првата победа на патот кон Мундијалот.

Поради повреди повторно нема да настапиме со полн состав, а шанса ќе добијат поголем број на млади кошаркари. Еден од нив е Андреј Митревски, 18-годишниот кошаркар на Феникс 2010 кој вели дека момците ќе дадат се од себе против фаворизираниот противник.

„Настапот за националниот тим е желба на секој млад играч. Се наоѓаме во процес на смена на генерации во која младите треба да имаат поголем удел во тимот. Грузија е квалитетна екипа која игра добра кошарка, можеби нема да настапат со најдобрите играчи кои настапуваат во Евролига, но не треба нас да не засега тоа. Ќе дадеме се од себе и кај нив и кај нас па што биде нека биде“, вели Митревски.

Се вчитува...