Митревски: Не бевме на посакуваното ниво, но најважна е победата

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше квалитетна партија во победата на Порто против Вардар во Лигата на шампионите, иако потенцира дека неговиот тим не одиграл на нивото од претходните натпревари.

По мечот, искусниот чувар на мрежата потенцираше дека најважно е што Порто ги освои бодовите, во битката за нокаут фазата од Лигата на Шампионите.

„Не бевме на посакуваното ниво, но најважно е што победивме. Малку сме уморни, игравме цел натпревар ‘седум на шест’ и тоа воопшто не е лесно. Проблем е и што имавме само неколку тренинзи заедно, а сигурно тоа е малку за подготовка против тим како Вардар. Сепак, најважно е што ги освоивме бодовите. Можеби не одигравме најдобро, но на крајот бодовите се бројат“ – изјави Митревски по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...