Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски ја запишаа втората победа во плеј-офот во португалскиот шампионат, откако со својот Порто славеше на гостувањето кај Брага со 24-26.
Митревски и овој пат беше сигурен на мрежата на својот тим, а зад неговото име запиша 13 одбрани. Прв стрелец беше Кристенсен со девет погодоци.
Втор пораз во плеј-офот забележаа Филип Талески и Бенфика, тие беа совладани на гостувањето кај лидерот Спортинг со убедливи 37-28. Македонскиот репрезентативец постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА