Ракометарите на Е. Пелистер ќе го предизвикаат Вардар во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во полуфиналето славеа над домаќинот на фајнал-фор турнирот ГРК Охрид со 27-23.
Голманот на битолчани, Никола Митревски вели дека клучна за победата била одличната игра во одбрана.
„Одигравме добар натпревар, двете екипи. Ова беше полуфинале како и секогаш квалитетно, секогаш има посебна тежина и значење. Охрид играше добро во првиот дел, а ние имавме технички грешки во напад. Во вториот дел почнавме да го покажуваме нашиот квалитет и мислам дека тоа беше клучно за победата. Одигравме фантастична одбрана. Сигурно утре ќе играме пред многу публика, не очекува вистинско дерби и финале. Одиме да го освоиме трофејот кој 20 години недостига во Битола“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

