Никола Митревски и неговиот Порто го забележаа и четвртиот пораз во исто толку натпревари сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија на гостувањето кај романскиот Динамо Букурешт со 32-27.
Првото полувреме помина во израмнета игра, а одличен на голот на Португалците беше нашиот голман кој забележа осум одбрани, а на полувреме Порто замина со негатива од еден гол 13-12. Во второто полувреме Митревски не отвори баш најдобро, па беше надвор од игра се до последните десетина минути. Нашиот голман се врати во игра успеа да стигне до бројката од десет одбрани, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот од 32-27. Кај Романците најефикасен беше Зејн со десет гола, додека кај поразените Турин заврши со осум гола.
Во вториот натпревар од програмата во 18.45 часот во групата Б, францускиот Нант без поголеми проблеми славеше на гостувањето во Словенија кај Целје Пивоварна Лашко со 24-35. Ејмерик Мин со осум гола беше најдобар во таборот на победникот, додека кај поразените Алекс Влах заврши со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА