Ракометарите на македонскиот шампион утре ги очекува заминувањето за Париз на вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, овој пат гостувањето против ПСЖ.
Репрезентативниот голман на Е. Пелистер, Никола Митревски вели дека е добро што пред ова гостување тимот ги победи Вардар и Загреб па сега нешто порастеретени патуваат во Париз.
„Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастеретени на гостински терен во Париз. Било која победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште отсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде“ – вели Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

