Митревски сака полна сала во Битола за хуманитарниот меч за крај на 2025 година

Последниот натпревар од денешната богата кошаркарска програма носи интересен натпревар во Битола каде од 18 часот и 30 минути силите ќе си ги одмерат Пелистер и Кожув во меч кој ќе има хуманитарен карактер со тоа што средствата од билетите ќе бидат доделени на Црвениот Крст од Битола и Домот за Деца без родители.

Своите очекувањата за средбата ги изрази Андреј Митревски, репрезентативецот од „зелено-белите“ редови кој очекува тежок натпревар против незгоден противник.

„Играме против квалитетен и незгоден противник каков што е тимот на Кожув, тие се во добар ритам на последните средби и очекувам интересен дуел. Клучно ќе биде да се одигра добро во одбраната, да се спречи противникот да влезе во ритам и да постигне многу поени.

Очекувам убава атмосфера на трибините. Мечот е од хуманитарен карактер, средствата ќе бидат доделени на оние на кои им се најпотребни… затоа ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни даде поддршка, заеднички да успееме оваа календарска година да ја завршиме со победа“, изјави Митревски.

Се вчитува...