Еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет, Никола Митревски по големата интернационална кариера се врати во својата Битола, каде следната сезона ќе игра за македонскиот шампион Пелистер.
Тој денеска изјави дека секогаш е добро кога ќе се вратиш дома, макар тоа било и на краток период.
„Без разлика дали кусо или долго, секогаш е убаво кога се враќаш дома. Оваа приказна со РК Пелистер трае и чест и задоволство ми е што пак имам шанса да бидам дел од екипата во која почнав да играм и тоа пред своите сограѓани и во својот град. Сметам дека во овој клуб се работи правилно, доказ за тоа е фактот дека се доби вајлд – карта за учество во Лигата на Шампионите. Ќе бидеме дел од европскиот ракометен крем, публиката ќе има можност да присуствува на ракометни спектакли, каде секок меч е посебно доживување. Тимот е спој на странски и домашни играчи, спој искусни и помлку искусни играчи. Очекувам да бидеме сплотени и секако да ги оствариме клупските цели кои се пред нас“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА