Митревски: Секој играч има заслуга за овој освоен бод

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер по 17 натпревари стигна до првиот бод во Лигата на шампионите откако вечерва во трилер меч на домашен терен ремизираше против Спортинг Лисабон 24-24.

Најдобар на теренот за домаќините беше капитенот Никола Митревски кој забележа десет интервенции, а по мечот даде и свое видување за првиот освоен бод.

„Игравме одлично 45 минути, но неколку наши грешки доведоа до тоа тие да направат целосен пресврт. Сепак нашата упорност и верба во себе доведе до тоа на крајот да освоиме бод. Сите имаат заслуги за овој бод и им честитам за пожртвуваната игра“, изјави Митревски. 

 

Се вчитува...